Претреси во затворот „Идризово“ со стотина специјалци

Стотина полицајци влегоа во КПД Идризово утрово, каде во тек се големи претреси, објавиja локални медиуми.
Според информациите се претресува полуотворениот дел на затворот, но и останатите крила, поради добиени информации дека може да ескалира состојбата помеѓу членови на две криминални банди, кои издржуваат казна во истата установа.
Споре нив акцијата била планирана неколку денови, а доаѓа после големиот муслимански празник Бајрам, за кога имало проценки дека состојбата може да ескалира.