09/06/2025

Поранешниот потпретседател на Еквадор се обидел да се самоубие во затвор

Поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас, бил хоспитализиран на почетокот на неделава откако се обидел да изврши самоубиство во затворот со максимална безбедност во Гвајакил, соопшти на Х поранешниот претседател на земјата Рафаел Кореа.

Информацијата ја потврди и адвокатката на Глас – Соња Вера. Таа додаде дека моментално притворениот поранешен потпретседател прогласил штрајк со глад.

Глас, кој двапати беше осуден за корупција и сега се соочува со нови обвиненија, беше уапсен во петокот во спектакуларна полициска рација во мексиканската амбасада во Кито, каде што се засолни од декември.

Споделете