08/06/2025

ЈСП утре за Рамазан Бајрам ќе сообраќа по неделен возен ред

Утре на верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз во Град Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, соопшти ЈСП Скопје.

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17.00 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Споделете