Ставен под контрола пожарот кој ја „проголта“ Универзална сала

Во Универзалната сала во Скопје претпладнево избувна голем пожар.
На бројот за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава за пожар на отворено кој се ширел над објектот на Универзалната сала, лоцирана на Бул. „Партизански Одреди“ во Скопје.
Од ЦУК информираат дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на лице место и се обидуваат да го изгаснат пожарот, но дека пожарот сега е ставен под контрола.
Засега нема информации за причината за пожарот.
Новата купола беше ставена пред 10 дена и тогаш беше најавено дека таа ќе свети ноќе. Градежните работи ги изведува фирмата „Универзал-Балкан“, а проектант е Бујар Муча од „Мегарон инженеринг“.
Универзалната сала беше во процес на реконструкција и само пред десетина дена беше ставена новата купола за која беше најавено дека ќе свети ноќе.