09/06/2025

Лавров: Кина и Русија ќе продолжат да соработуваат во борбата против тероризмот

Русија и Кина ќе продолжат да соработуваат во борбата против тероризмот, изјави денеска од Пекинг шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, по средбата со неговиот кинески колега Ванг Ји.

-И благодарам на кинеската страна за сочувството по терористичкиот напад во близина на Москва на 22 март и за поддршката во борбата на Русија против тероризмот, ги пренесоа руските новински агенции зборовите на Лавров.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала во Москва, во кој загинаа најмалку 144 луѓе, но сепак, Русија смета дека Украина стои зад нападот.

-Нашата соработка на полето на борбата против тероризмот ќе продолжи, вклучително и во мултилатералните институции, рече Лавров за време на неговата официјална посета на Пекинг.

Пред руската офанзива на Украина во февруари 2022 година, Русија и Кина објавија партнерство „без граници“ и оттогаш одржуваат силни односи.

Сергеј Лавров денеска и се заблагодари на Кина што испрати група набљудувачи на претседателските избори кои се одржаа во март, на кои претседателот Владимир Путин издвои убедлива победа.

-Благодарение на нашите лидери, руско-кинеските односи на сеопфатно партнерство и стратешка интеракција достигнаа невидено ниво, рече Лавров, додавајќи дека реизборот на Путин дополнително гарантира континуирано зајакнување на односите.

Споделете