08/06/2025

Ќе се разгледуваат 14 предмети што Уставен суд ги оформил по сопствена иницијатива

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 12. седница со дневен ред на којшто се предвидени 14 иницијативи за оценување на законитоста и уставноста за предмети што Судот ги отворил по сопствена иницијатива.

Станува збор за предмети во коишто, како што соопштуваат од Судот, се оспорени одредби од повеќе општини, а се однесуваат на автентично толкување на општините за акти кои самите ги носат.

Од Судот информираат дека судиите дополнително ќе одлучуваат за пет предлози за предмети во коишто веќе е исцрпена дискусијата.

Споделете