Делови од Центар и Бутел утре без вода за пиење

Една улица во општина Центар и две населени места во општина Бутел во текот на утрешниот ден ќе бидат без вода за пиење, соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Од Водовод известуваат дека утре, сабота, поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул. Џумајска бр. 47 населба Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Џумајка. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
Исто така, известуваат дека утре поради реконструкција на водоводна мрежа од ф 200мм на ул. Бел Камен бб општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Бел Камен и Кучевишка Бара од 08:00 часот до завршување со санацијата.