08/06/2025

96 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас, потенцираа во соопштението.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, изјавија од СВР Скопје.

Споделете