Во Скопје санкционирани 153 возачи

Изречени се две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за управување под дејство на алкохол, соопштија од СВР Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за управување под дејство на алкохол, соопштија од СВР Скопје.
Потенцираа дека, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. И упатија апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.