Времето денес: Сончево и топло со мала до умерена облачност

Денеска нѐ очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, попладне наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје сончево и топло со мала дo умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Најниската утринска температура ќе се движи од 4 до 11 степени Целзјусови, а највисоката до 29 степени. Во Скопје температурата ќе се движи помеѓу 9 и 28 степени.