08/06/2025

Aхмети и Села го потпишаа коалицискиот договор во Гостивар

Во салата „Младост“ во Гостивар, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и Зиадин Села од Алијансата за Албанците го потпишаа договорот за заеднички настап на претстојните избори.

По тој повод Ахмети изјави дека Албанците во својата историја вложиле многу напори од периодот на Скендербег до Националниот препород и ОНА.

„Никогаш немојте да мислите дека ќе ме имате спроти вас во сите соочувања, во сите бури, бидејќи денес е моментот да бидеме заедно, бидејќи опасноста доаѓа од исток .Тие преместуваат цел арсенал оружје до нуклеарни боеви глави. Ни треба единство за да бидеме пред сите други“, рече Ахмети.

Со силни мандати да се каже “ДА” на Европа и “НЕ” на Русија, продолжи првиот човек на ДУИ, затоа што нашите национални преродбеници кажаа „Сонцето за Албанците изгрева на Запад“, а оваа порака на Наим Фрашери не натера да го оставиме минатото зад нас.

„Секако дека сме имале политички конфронтации, но никогаш не сме ги претвориле во непријателство. Овој сојуз вечерва го докажува тоа, затоа вие претставници на сите партии на Фронтот ќе се соочите и ќе се гордеете што не се срамиме, бидејќи нашата мисија е историска. На 24-ти април ќе ја одбележиме најголемата победа со Бујар Османи за претседател, додека на 8 – ми мај историската победа со Европскиот фронт. Затоа, потребна ни е мирна кампања, не знаеме да правиме дебата што не е научно заснована. Овој Фронт, велам длабоко убеден, е најголемиот капитал на Албанците, затоа што знаеме да работиме и да остваруваме. Зат,а ќе бараме поддршка од секој Албанец, Турчин, Ром и секој Бошњак. Зашто и Ромите ќе почувствуваат како се владее како Ром, Бошњак па така и сите“, рече Ахмети.

Споделете