08/06/2025

Општина Илинден денеска е домаќин на државното првенство во џудо и џиу џица

Општина Илинден денеска е домаќин на државното првенство во џудо и џиу џица, објави градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.

– На натпреварите кои се одржуваат во спортската сала „Гоце Делчев“, ќе учествуваат повеќе од 200 борци од 14 екипи од повеќе градови од Македонија.

На свеченото отворање на турнирот на присутните им посакав добредојде во нашата општина, додека на борците им посакав добри борби и успешен настап.

Ваквите натпревари кои се одржуваат во Илинден се уште еден доказ за исправноста на политиките на нашата општина за инвестирање и поддршка на спортот, спортистите и спортските работници, потенцираше градоначалникот.

Споделете