СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ е можно само враќање наназад

Платформата на BMPO-ДПМНЕ се само нови лажни ветувања, по примерот на Скопје, велат од СДСМ.
„BMPO-ДПМНЕ ги изневери граѓаните на Град Скопје, ништо од ветеното не реализираше, а сега излегува со нови лажни ветувања. Наместо модерен град, Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, јавни претпријатија во долгови. Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови“, дополнуваат од СДСМ.
Според нив промовираната Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.
„Се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена. Со ВМРО-ДПМНЕ е можно само враќање назад. Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднин