08/06/2025

Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме

Русија не бара конфронтација со американските вазали во Источна Европа, изјави вчера рускиот претседател Владимир Путин.

Неколку функционери од западот се обидоа да соберат поддршка за поголема помош за Украина со тврдењата дека Москва нема да запре доколку Киев биде поразен на фронтот. Путин се осврна на овие тврдења за време на неговата посета на воздухопловната база Торжок во Теверската област.

– Тоа е бесмислица, рече рускиот претседател, посочувајќи на нееднаквоста во трошоците за одбрана на Русија и буџетите на војската на НАТО.

– Тврдењата дека по Украина ќе ја нападнеме Европа – тоа е целосна бесмислица и заплашување на сопственото население само за да извлечат пари од нив, рече Путин.

„Американските сателити“ во Источна Европа немаат причина за страв, додаде Путин.

Според Путин, разговорот за потенцијален руски напад врз Полска, Чешка или балтичките земји е само пропаганда на владите кои настојуваат да ги исплашат своите граѓани да извлечат дополнителни трошоци од народот, за да ги натераат да го носат овој товар на своите плеќи.

– НАТО се шири кон руските граници, а не обратно, рече Путин и додаде дека Русија само го штити својот народ на неговите историски територии.

– Тие дојдоа точно до нашите граници. Дали ние отидовме преку океанот до границите на САД? Не, тие ни се доближуваат и многу блиску се приближија, рече тој. 

Споделете