09/06/2025

ГРОМ во коалиција со Интегра и ПЦЕРM на Самка Ибраимоски

Коалицијата го носи името „Храбро за Македонија“ и во неа ќе партиципираат и заеднички ќе дејствуваат ГРОМ, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите oд Македонија (ПЦЕР).

Потписите на договорот за заеднички изборен настап денеска ги ставија лидерите трите политички субјекта – Стевчо Јакимовски, Љупчо Ристовски од Интегра и претседателот на ПЦЕРM, Самка Ибраимоски.

Целта на коалицијата, како што изјави Јакимовски по настанот, е да им се спротивстави на двете главни политички струи во земјата, кои ги оцени како несоодветни и јасно ќе каже „не“ за уставните измени и за сите притисоци и уцени.

Споделете