Даниела Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на BMPO-ДПМНЕ по примерот со Град Скопје, изјави на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Откако ги изневерија граѓаните на Град Скопје, со сите нереализирани изборни ветувања ВМРО-ДПМНЕ излезе со нови лажни ветувања, рече Николова.
„Промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ВМРО-ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања. Скопјани, но и граѓаните во над 40 општини ширум државата под капата на ВМРО-ДПМНЕ тоа најдобро го знаат. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше бесплатен јавен превоз, 250 еко автобуси, мега паркови, капитални проекти, спортски сали, паркови. Ништо од ветеното не е реализирано. Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, со јавни претпријатија во долгови. Нема нови 250 автобуси, нема нови паркови Граѓаните се иневерени, изборните ветувања неостварени. Се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена. Со ВМРО-ДПМНЕ е можно само враќање назад. Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Николова.