08/06/2025

Бисера Костадиновска Стојчевска: Универзалната сала ќе биде готова во 2027

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска по вчерашното „крунисување“ на Универзалната сала, денес во студиото на „Слободен печат“ рече дека реконструкцијата на репрезентативниот објект во Скопје ќе биде завршена во 2027.

Универзалната сала од вчера започна да ја менува стара покривна купола со нова во рамки на првата фаза од проектот за обнова на оваа културна институција. Министерката Костадиновска Стојчевска рече дека избраниот изведувач веднаш ќе започне со внатрешната реконструкција,штом ќе заврпи надворешната.

– Со ваква динамика за три години ќе биде завршена. Рокот што го постави владата е до 2027, но со оваа динамика може да биде завршена и нешто порано и да имаме целосно функционален објект,рече министерката.

Таа вчера нагласи дека со замена на старата купола непречено се одвива првата фаза од реконструкцијата на Универзалната сала која ќе ја обликува надворешноста на зданието

Споделете