Tито Петковски е против актуелната владина гарнитура?

Шестиот конгрес на помалиот коалицинен партнер в владеачката коалиција, НСДП – Нова социјално демкратска партија помина во сенка на отсуството на нејзиниот основоположник, екс-заменик претседателот и екс-пратеник во собранието, Тито Петковски.
Петковски ја водеше партиајта не цели петнаесет години, од нејзиното создавање до моментот кога пратеникот Горан Мисовски ја превзеде под изговор дека наводно политички искусниот Петковски се обидувал да ја наметне својата ќерка за нов претседател на НСДП.
Во нивната коалиција со актуелната власт, НСДП има можност да добие 3 мандати при адекватен број на гласачи.
Ре-кандидатура добија претседателот Мисовски и „вечната“ Соња Мираковска кои гласови ќе сбираат во третата односно четвртата изборна единица, а во двојката кандидиран е генералниот секретар на НСДП, Мики Милковски.
HCДП е формирана при фракционирање од СДСМ во 2005 од страна на Тито Петковски, Живко Јанкулоски, Лазар Еленовски, Иван Антоновски и Вера Рафајловска кои се противеа на политиките на на тогашниот двоец Бучковски-Шекеринска.
Интересно е тоа што актуелниот претседател на СДСМ и поранешен премиер, Димитар Ковачевски и носителот на Левица во шестата изборна единица Игор Димески тогаш биле дел од истата таа НСДП а потоа биле и дел од СДУ на Лазар Еленовски кој од пред неколку дена стана коалиционен партнер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.