СДСМ: Наместо програма, нови празни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје е најдобар пример

ВМРО-ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања. Тоа е партијата што едно ветува, а друго прави. Град Скопје е најдобар пример за тоа што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ добива власт“, соопшти СДСМ.
„Ветуваа модерно Скопје, а создадоа хаотичен, запуштен, нечист град, со јавни претпријатија заглавени во долгови.
Ветуваа бесплатен превоз, а го оставија градот без јавен превоз. Ги нема ветените 250 нови автобуси, наместо мега паркови, на сите страни никнуваат депонии. Така ВМРО-ДПМНЕ функционира, едно зборува пред избори, а кога ќе добие власт, заборава на граѓаните и се грижи само за своите интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ