09/06/2025

Двајца од четворицата терористи ја признаа вината за нападот во Москва

X

Вчера во Окружниот суд Басмани во Москва се појавија сите четворица осомничени за нападот во Москва, во кој знагинаа 137 лица, а 154 се повредени.

Како што пренесуваат руските медиуми, двајца од нив ја признале вината за нападот, но сите четворица ќе останат во притвор најмалку до 22 мај. Осомничените се обвинети за „тероризам“ и им се заканува доживотен затвор.

Вчера пред судот се појавија извршителите на грозоморниот чин што го шокираше целиот свет: Далерџон Баротович Мирзоев (32), Саидакрами Муродали Рачабализода (30), Шамсидин Фаридуни (25) и Мухамедсобир Фајзов (19), сите државјани на Таџикистан.

Според руските власти на сите осомничени им е одреден притвор до 22 мај, пред да им се суди. Исто така тие претходно објавија дека биле уапсени 11 лица, меѓу кои и четворицата напаѓачи.

За жал, бројот на загинатите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 137, меѓу кои се и три деца, соопштија вчера истражителите од Русија, додавајќи дека на местото на настанот пронашле оружје и муниција.

Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група Исламска држава (ИСИС).

Споделете