09/06/2025

Јaвно Обвинителство: Полицијата во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на лекарот во населба Железара

Јавното обвинителство соопшти дека полицијата, во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на 67-годишниот лекар чие тело беше пронајдено во населбата Железара.

-МВР работи на откривање на сторител, во координација со јавен обвинител. Се очекува и наодот од обдукцијата, посочија од Обвинителството.

Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека лекарот со убодни рани е пронајден во сопственото возило „Киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара

Споделете