08/06/2025

Тошковски: Осуда за нападот во Москва, потребна е одлучна борба против тероризмот во сите негови форми

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, го осуди терористичкиот напад во Москва кој се случи вчера, а во кој животот го загувија повеќе од 115 луѓе, а повеќе од 150 се повредени.

„Во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи најостро го осудувам вчерашниот терористички напад врз невините посетители во концертната сала “Крокус сити хол” во Красногорск, Русија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата и најблиските на жртвите погодени од овој грозоморен чин, а на повредените им посакувам најбрзо закрепнување“, напиша Тошковски.

„Ваквите ужасни акти на насилство извршени врз невини цивили налагаат најостра осуда од сите чинители посветени на мирот и безбедноста и се сериозен потсетник за заканата што ја носи тероризмот за нашите општества и потребата за одлучна борба против сите негови форми“, додава тој.

Споделете