09/06/2025

Вучиќ го свикува Советот за безбедност поради нападот во Москва

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за денеска најави состанок на Советот за национална безбедност во врска со терористичкиот напад кај Москва.

Вучиќ за телевизијата Прва изјави дека „имал неколку причини за свикување на седницата на Советот за безбедност, а ова е непосредна причина“.

Тој изрази сочувство за жртвите од нападот во концертната сала во Москва и изјави дека „светот е се поблиску до голем конфликт“.

Во терористичкиот напад кај Москва, во Крокус Сити Хол потврдени се 60 жртви, а повеќе од 140 се ранети.

Споделете