Ѓоргија Сајкоски носител од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање го потврди Ѓорѓија Сајкоски за носител на ВМРО-ДПМНЕ во петтата Изборна единица.
„Во однос на носител во петтата Изборна единица можам да го потврдам Ѓорѓија Сајкоски генералниот секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ за носител во петтата Изборна единица. Сметам дека имаме одлично решение, тој долги години беше еден од најуспешните претседатели на Општински комитети во ВМРО-ДПМНЕ, го водеше Општинскиот комитет во Кичево кој секогаш постигнува фантастични резултати за ВМРО-ДПМНЕ. Како генерален секретар е дел од оваа нова приказна на ВМРО-ДПМНЕ која ќе значи убедлива победа на претседателските и парламентарни избори. Така што во петка одиме со Сајкоски“, истакна Николоски.
Чест и задоволство ми е да ја предводам победничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” во Изборната единица 5. Одговорноста е голема, благодарам за укажаната доверба. Заедно сите да го изодиме патот до големата историска победа! Време е за победа на Македонија, да дадеме се од себе затоа што Македонија е нашата татковина, напиша Сајкоски на Фејсбук.