ММФ со нов заем за Украина од 880 милиони евра

Меѓународниот монтераен фонд одобри трет преглед на програмата за заем на Украина од 15,6 милијарди долари и одобри исплата на 880 милиони долари буџетска поддршка, со што вкупните исплати ќе достигнат околу 5,4 милијарди долари, сооптштија од ММФ.
Од ММФ наведуваат дека ризиците за Украина остануваат исклучително високи, особено неизвесноста околу војната со Русија и шансите за надворешно финансирање, иако шефот на мисијата во Украина, Гевин Греј изјави дека од ММФ сè уште очекува војната да заврши до крајот на 2024 година.
СВЕТВОЈНА СО РУСИЈА
ММФ одобри заем од 880 милиони долари за Украина
„Украина треба да ги добие средствата во наредните денови“, рече Греј.
22. Март 2024. @ 08:052 мин. читање

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд одобри трет преглед на програмата за заем на Украина од 15,6 милијарди долари и одобри исплата на 880 милиони долари буџетска поддршка, со што вкупните исплати ќе достигнат 5,4 милијарди долари, соопшти ММФ.
Фондот наведува дека ризиците за Украина остануваат исклучително високи, особено неизвесноста околу војната со Русија и изгледите за надворешно финансирање, иако шефот на мисијата во Украина, Гевин Греј изјави дека ММФ сè уште очекува војната во Украина да заврши до крајот на 2024 година.
Греј истакна дека од сите перформанси на Украина во рамките на програмата на ММФ останале силни и ги исполниле сите, освен еден од квантитативните критериуми за успешност, а тоа е за даночните приходи.
„Украина треба да ги добие средствата во наредните денови“, рече Греј.
Како што се наведува во соопштението, тоа би требало да е добар знак бидејќи американскиот Конгрес продолжува да расправа за одобрување на дополнителен пакет помош од 61 милијарда долари за Украина.
Греј потенцираше дека ММФ ќе мора да го проучи влијанието врз нивото на долгот на Украина доколку американското законодавство реши дел од тоа финансирање да го претвори во заем наместо грант.