08/06/2025

Ќе се избира член на Советот на јавни обвинители

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, со изборно место број 5.

Како што информираат од Советот, гласачкото место се затвора во 16 часот.

– Комисијата која ги спроведува изборите во ЈОРСМ околу 16:15 часот ќе ги достави изборните материјали во Советот, стои во соопштението од Советот на јавни обвинители.

Споделете