08/06/2025

Богданка Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не собрале потписи за Силјановска, немаат поддршка од граѓаните

BMPO-ДПМНЕ нема собрано валидни, законски потписи за нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска Давкова. Кандидатурата во ДИК за Гордана Силјановска Давкова, BMPO-ДПМНЕ ги поднела со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска.

Очигледно, како што рече, BMPO_ДПМНЕ како што ги лажира анкетите, сакала да ги лажира и потписите, па кога разбрале дека ќе се проверува легалноста на секој даден потпис не ги поднеле. 

Според неа, ова е можеби првпат BMPO-ДПМНЕ да нема собрано потписи зад својот кандидат, но тоа, како што нагласи, и не е толку важно.

– Клучното е дека ниту BMPO-ДПМНЕ ниту Гордана Силјановска Давкова ја немаат поддршката од граѓаните. Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје. Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Гордана Силјановска Давкова не можат да донесат промени на подобро. Затоа граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски, потенцира Кузевска.

Споделете