08/06/2025

Утре без вода неколку улици во Кисела Вода

Од ЈП „Водовод и канализација“- Скопје известуваат дека на ден 21.03.2024 год. поради уличен дефект од ф -200мм на ул. Иван Козаров бб- кај зградата на Фиком прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Борис Трајковски, дел од ул. Иван Козаров, ул. Виктор Иго и ул. Невена Ѓоргиева Дуња.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

Споделете