08/06/2025

Славјанка Петровска одговори зошто е одбрана компанијата „Леонардо“ за набавката на хеликоптерите

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во „10МИНУТИ“ на ТВ21 одговараше на сите прашања поврзани со набавката на хеликоптерите, за кои беше обвинувана од опозицијата, а ДКСК отвори и предмет.

Петровска објасни зошто е одбрана фирмата „Леонардо“ за набавката на хеликоптерите.

„Избрана е таа компанија како една од најповолните понуди. Кога се разгледуваат понудите, тие не ги разгледуваат само по перформансите. Перформансите се една од условите, меѓутоа многу значајно е при купувањето на одбраната и на вакви работи и што ќе биде со одржувањето. Трето што ќе биде со тренингот, што ќе биде префрлањето на платформата. Ние користиме сега воздухоплови, хеликоптери од источно производство. Тие во 2032 година мора да бидат отстранети, да престане нивно користање, и од таа причина не ги обновуваме сите, туку само неколку, два се испратени во Чешка на ремонт, и тие ќе бидат вратени многу скоро. Кога оддржуваме, се обидуваме да го одржиме нивото на оперативност колку што е потребно. Што се однесува до компанијата, од достапните податоци може да се види дека се направени кадровски промени“, рече Петровска за компанијата која веќе беше вклучена во скандал со набавка на софтвери, поради кои тогашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски заврши во притвор.

Споделете