Приоритет за Сириски е развој на беспилотни системи

Олександар Сирски, командант на украинските сили, истакна дека развојот на беспилотни системи или дронови е од суштинско значење за Киев како одговор на “нумерички супериорните” руски сили.
-Развојот на беспилотни системи е мој приоритет. Бараме асиметрични решенија за да добиеме квалитативна предност во однос на бројно супериорниот противник, рече Сирски на Телеграм по средбата со заменикот Вадим Сухаревски.
Со зголемената употреба на беспилотни летала од двете страни, конфилктот се префрла од бојното поле кон меѓусебни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, кој доби уште еден мандат по победата на претседателските избори во Русија, изјави дека московските сили имаат предност на фронтот во Украина и вети дека ќе ја продолжат воената операција.
Володомир Зеленски како дел од воените рефоорми, нареди во февруари да се создаде посебен огранок на украинските вооружени сили фокусиран на беспилотните летала.
Воените аналитичари велат дека беспилотните летала потенцијално би можеле да и дадат на Украина технолошка предност во однос на Москва, со оглед на недостатокот на артилериски гранати и друго потрадиционално оружје. Но, руската индустрија за беспилотни летала исто така брзо се развива
Аналитичарите велат дека потенцијално, беспилотните летала би можеле да и дадат на Украина технолошка предност во однос на Русија, со оглед на недостатокот на артилерија и друго традиционално оружје. Но, исто така, руската индустрија брзо ги развива и нивните беспилотни летала.