08/06/2025

Дарко Каевски: Гордана Силјановска Давкова треба да им се извини на пензионерите за навредите

Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, кандидатката на BMPO-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу.

Ваков однос кон пензионерите е несоодветен и непримерен, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател на државата.

Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани и Силјановска треба да им се извини.

Гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе никаква промена.

Кандидатката на опозицијата за претседателка, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ВМРО-ДПМНЕ.

На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, нов партиски послушник, не им треба реприза на Ѓорѓе Иванов.

На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Град Скопје.

Младите немаат уште една деценија да изгубат во изолација, враќање назад, да чекаат заглавени во подрумите на минатото.

Граѓаните и пензионерите знаат што е најдобро за нив и за Република Македонија.

Затоа, ќе кажат НЕ на политиките на ВМРО-ДПМНЕ за изолација, враќање назад, откажување и наведнување глава.

Нема откажување од иднината.

На претстојните избори граѓаните ќе кажат ДА за европска иднина и надеж која обезбедува поголеми плати и пензии и достоинствен живот.

Дарко Каевски, пратеник од редовите на владеачкото мнозинство.

Споделете