08/06/2025

Нискоценовниот авиопревозник „ВизЕр“ ги редуцира летовите на Балканот

Унгарскиот нискоценовен авиопревозник „ВизЕр“ драстично го намалува бројот на летови од балканските земји, особено од земјите од поранешна Југославија. Најпогодени аеродроми ќе бидат скопскиот и охридскиот аеродром, од кои ќе се редуцираат 25% односно 48% од летовите.

Како што говорат првичните информации, причината за драстичното кратење на летовите е пронајдена аномалија во специфична компонента на моторот, па заради претпазливост компанијата се реши на овој чекор.

1,4 милион луѓе ќе бидат директно погодени отако унгарската авиокомпанија Виз Ер се реши на драстичен чекор и намалување на летовите на Балканот. Ретката аномалија пронајдена во металниот прав при производството на моторот ја натера компанијата да биде претпазлива, па пазарот да се намали кај поранешните републики од Југославија.

Споделете