08/06/2025

Владимир Путин оствари убедлива победа на изборите во Русија

Избирачките места во Москва се затворени, а според прелиминарните резултати Владимир Путин е реизбран за претседател на Русија со 87,97 отсто од гласовите со што постави нов рекорд во историјата на модерна Русија. Според руските медиуми, конечните резултати треба да бидат објавени до 28 март.

Николај Харитонов од Комунистичката партија освоил 4 отсто од гласовите, Владислав Даванков од партијата „Нови луѓе“ 3,73, а Леонид Слуцки од Либерално-демократската партија 2,96 отсто од гласовите.

Вкупната излезеност на претседателските избори во Русија е 74,22 отсто, од 110 милиони руски граѓани, скоро 8 милиони гласаа електронски. Се гласаше и во окупираните региони како Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон каде што гласаа вкупно 4,5 милиони луѓе.

Украинските власти го оценија гласањето во окупираните територии како кршење на меѓународното право и го повикаа светот да не ги признава изборните резултати.

Претседателските избори ги набљудуваат делегации од 36 земји и пет меѓународни организации, а акредитирани се повеќе од 200 парламентарни набљудувачи и неколку десетици експерти за изборниот процес.

Јулија Навални, вдовицата на опозицискиот лидер Алексеј Навални гласаше во руската амбасада во Берлин на претседателските избори откако чекаше во ред неколку часа.

Вдовицата Јулија Навални, гласаше во руската амбасада во Берлин откако чекаше во ред неколку часа. Подоцна за новинарите изјавила дека на ливчето напишала „Навалњи“.

Споделете