09/06/2025

Apбен Таравари: Ќе има политичка ротација кај албанците после 8ми мај

Лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател Арбен Таравари, смета дека здружената коалиција „ВРЕДИ“ ќе победи против ДУИ на изборите на 8 мај.

Таравари рече дека се фокусирани прво на победа на изборите, но повеќе размислува за локалните избори во 2025 година, бидејќи според него овие избори се „завршена работа“.

На прашањето дали доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт им создава проблеми на Албанците, првиот човек на АА рече дека не може да каже за ова ВМРО-ДПМНЕ, туку за претходното кое според него, било режим, дефиниран според сите меѓународни инстанци.

„Таму беа Груевски и Мијалков. За жал, оваа седумгодишна власт им овозможи денес да бидат слободни. Не можам да кажам дали Мицкоски ќе оди по патот на Груевски бидејќи немаме блискост“, изјави Таравари во „Опинион“.

Тој вели дека од 2011 година Албанците повеќе гласаат за опозициските партии отколку за ДУИ.

„Истото се случи и на изборите во 2016 и 2020 година, но албанските опозициски партии не се обединија. Денес се случи чудо, а ние сме обединети. И јас го велам со убедување дека сега ќе се случи политичката ротација кај Албанците“, рече Таравари.

Говорејќи за кандидатурата за претседател, Таравари рече дека лидерот на ДУИ не ја прифатил неговата понуда да излезат со заеднички албански кандидат.

„Од 2014 година ДУИ нема свој кандидат за претседател, туку поддржува македонски кандидати, да имавме кандидат сигурно ќе влезевме во вториот круг“, рече Таравари и додаде дека и сега верува дека може да влезе во вториот круг.

Споделете