10/06/2025

Форум за заштита на македонски идентитет на Универзитетот Скопје

Форум за заштита на македонски идентитет ќе се одржи денеска на Универзитетот Скопје. Како што посочуваат организаторите, на Форумот ќе учествуваат лица од политичкиот, дипломатскиот, економскиот и културниот живот во државата.

Меѓу најавените се и ректорот на Универзитетот Скопје, професор доктор Аце Миленковски, поглаварот на МПЦ – ОА – г.г. Стефан, претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Форумот е организиран во три панел – дискусии, учесниците ќе дебатираат во кој правец се движи Македонија на економски и на политички план и дали го заштитивме доволно идентитетот.

Споделете