09/06/2025

Укинат притворот на возачот на Љупчо Палевски?

Укинат му е ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци.

Димовски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Димковски во декември, изјави дека го возел о болница главниот осомничен Палчо.

Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.

Ова е прв укинат притвор за овој предмет.

Споделете