09/06/2025

Сообраќаен режим денес и утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре во работна посета на Македонија ќе пристигне Претседателот на Парламентот на Р.Косово.

Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Споделете