Временска прогноза за ден 12.03.2024

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на некои места ќе биде во форма на невреме. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 8, а максималната од 11 до 17 степени.
Од УХМР соопштуваат дека во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, додека пак, температурите ќе се движат во интервал од 7 до 15 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, во среда со повремен локален дожд.