Христијан Мицкоски ќе биде носител во првата изборна единица за ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека тој ќе биде носител на пратеничката листа во изборната единица еден.
За во изборната единица два, носител ќе биде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник и екс министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски. Во изборната единица три, носител ќе биде сегашниот пратеник, полковник Драган Ковачки.
Во изборната единица четири, носител ќе биде потпретседателот на партијата и пратеник, Александар Николовски. Одлука кој ќе биде носител во изборната единица пет – ќе биде донесена во текот на денот.
Во изборната единица шест, носител ќе биде сегашната пратеничка Дафина Стојановска.