09/06/2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ предлага да наведнеме глава и да се откажеме од европската иднина

ВМРО-ДПМНЕ предлага да наведнеме глава, да чекаме, да не правиме ништо и да се откажеме од нашата европска иднина. Но, што носи тоа, која е алтернативата, да се чека 11 години, како во времето на Никола Груевски? Токму тоа го нуди ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните, откажување од европската иднина, меѓутоа цената од неправење ништо е превисока и за сегашните, но најмногу за идните генерации“, соопшти СДСМ.

„Вистинскиот пат за државата и за граѓаните е европската иднина. Овој пат не лесен, но е реален и дава вистинска надеж за суштински промени, додаваат тие.

Според нив единствениот вистински начин да ја промениме нашата земја на подобро зависи од континуираните реформи кои водат кон членство во ЕУ.

Европската иднина е единствената можна светла македонска иднина. Особено сега, кога дојдовме до последниот чекор. СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот пат, затоа што тоа е вистинскиот пат за подобра иднина“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Споделете