09/06/2025

Милан Лефков: Стево Пендаровски прво велеше дека е вон памет да се менува Уставот, а потоа лобираше за менување на истиот

Cтево Пендаровски нема еден став кој го искажал а задржал. Додека власта на СДСМ и ДУИ зад сцена преговараа со соседна Република Бугарија, Стево Пендаровски глумеше патриот и ја замајуваше јавноста. Стево Пендаровски тврдеше дека никој од бугарска страна не барал промена на Уставот на Македонија. Тој отиде и чекор понатаму и кажа дека е вон памет да се разговара за било каква промена на устав или анекс на договорот со соседна Република Бугарија.

Не само што Бугарија побара промена на македонскиот Устав, а владата и Стево Пендаровски прифатија, туку истите активно се вклучија во кампања да ја убедуваат јавноста зошто треба да се промени Уставот.

Стево Пендаровски лично е главен застапник на идејата за промена на Уставот, и лично кажа дека токму тој е човекот кој го преговарал анексот како што сам го нарекува, т.е. бугарскиот диктат.

Кога Стево Пендаровски лажеше кога тврдеше дека вон памет е да се менува Уставот или сега кога е главен лобист за промена на Уставот?

Има ли Стево Пендаровски став кој не го погазил? Останал ли човекот автентичен во нешто друго освен во лагата?

И самиот Стево Пендаровски знае дека лаже, манипулира и нема достоинство. И самиот Стево Пендаровски е свесен дека нема да биде избран повторно, затоа што народот не поддржува политичари кои манипулираат со националните чувства и ги распродаваат.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Споделете