08/06/2025

Поради безбедносен ризик САД санкционирале македонска компанија

„Сајтрокс“ (Cytrox AD) компанијата со седиште во Македонија во друштво на уште четири други фирми и 2 физички лица беа ставени под санкции од страна на Одделот за контрола на странски средства при американското Министерство за финансии, поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор“.

Покрај „Сајтрокс“, под сакнции се најдоа и грчката компанија „Интелекса С.А“, додека компаниите „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ од Ирска, како и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“, пренесе Радио Слободна Европа.

Според Министерството за финансии на САД, сите компании биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ во поглед на развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање американски граѓани, вклучително и владини службеници, како и експерти за политики и новинари.

„Распространетоста и злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер претставуваат зголемени безбедносни ризици за САД. Странските актери злоупотребиле таков шпионски софтвер за да овозможат кршење на човековите права и да ги таргетираат дисидентите на глобално ниво за репресија и одмазда“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

„Сајтрокс“ АД беше додадена на списокот на ентитети на Одделот за трговија на 18 јули 2023 година, за трговија со сајберексплоатации, што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.

Споделете