08/06/2025

Денис Шмигал ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства замрзнати во странство

Премиерот на Украина, Денис Шмигал, денес ги повика партнерите од западните земји да му префрлеле на Киев 300 милијарди евра од руските средства кои се замрзнати во странство, јавија француските медиуми.

-Помошта од нашите партнери е исклучително важна алатка, но ни треба предвидливост и стабилност без оглед на временските услови, политичките промени, изборните циклуси што се случуваат низ светот, рече Шмигал.

„Конфискацијата на рускиот имот треба да прерасне во еден сигурен извор на поддршка за нашата земја“, додаде тој.

Споделете