Бројот на загинати во нападот во Појасот Газа се искачи на 112

Уште осум тела пристигнале во болницата Ал-Шифа, со што бројот на загинати во денешниот напад на израелската армија врз Палестинците кои чекале хуманитарна помош се искачи на 112, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Во нападот што се случи јужно од главниот град на Појасот Газа повредени се 760 луѓе.
Во соопштението се наведува дека сè уште се извлекуваат жртвите од местото на нападот.