09/06/2025

Дојава за поставени бомби во основното училиште „Братство – единство“ и околу градските гробишта во Охрид

Дојави за поставени бомби во основното училиште „Братство – единство“ во Охрид и просторот околу градиските гробишта во овој град, објави порталот „Охрид1“.

Евакуирани се учениците, а надлежните го пребаруваат теренот.

Дојава за поставена експлозивна направа на просторот околу градските гробишта во Охрид. Патот затворен за сообраќај поради безбедносни причини. Во моментов се прават солуции за пренасочување и непречено одвивање на сообраќајот, додека се пребарува теренот, пишува „Охрид1“.

Споделете