Мароко е третиот полуфиналист на СП2022

Репрезентацијата на Мароко е третиот полуфиналист на Светското првенство во Катар. Мароко ја совлада селекцијата на Португалија со 1:0.
Единствениот и победнички гол го постигна Ен Несири во 43 минута од натпреварот.
Мароко со оваа победа се приклучи на останатите полуфиналисти, Хрватска и Аргентина, а вечерва со почеток од 20:00 часот силите ќе ги одмерат репрезентациите на Франција и Англија. Победникот од тој натпревар ќе биде четвртиот полуфиналист на СП2022.