(ВИДЕО)Тошковски: Ја засилуваме борбата против корупцијата во полициските редови со примена на одлучни мерки против полициско постапување кое е во спротивност со законите

Ја засилуваме борбата против корупцијата во полициските редови со примена на одлучни мерки против полициско постапување кое е во спротивност со законите, напиша техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.,
– Во овој контекст, Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против полициски службеник од ПО за БПС Пробиштип при СВР Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Пријавениот на ден 19.02.2024 година во својство на полициски службеник при вршење сообраќајна контрола на наплатна рампа „Кадрифаково“ со намера за себе да прибави противправна имотна корист, побарал и примил поткуп во износ од 50 евра, за да не изврши дејствие кое бил должен да го изврши, односно да не изрече прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесен е предлог за поведување дисциплинска постапка и негово отстранување од работното место, до завршување на постапката., додава Тошковски.