09/06/2025

Ново покачување на платите на функционерите

Ново покачување на платите на функционерите ќе следува со новата пресметка и тоа од 300 до 500 евра, во зависност од функцијата која ја извршуваат.

Со новата пресметка претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и претседателот на Владата, додека пратениците ќе добиваат околу 2 илјади евра.

Ваквото зголемување ќе биде редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Вакво зголемување на функционерските плати пристига и откако лани нивните плати пораснаа за 78%.

Споделете