09/06/2025

Стејт департментот одобри евентуална продажба на воена техника за 75 милиони долари на Тајван

Пентагон соопшти дека станува збор за модернизиран пакет опрема за напредно планирање на тактички систем за податоци.

Договорот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Тајван и Кина Пакетот вклучува резервни уреди, мрежни приемници за глобално позиционирање, комуникациска опрема, програми за техничка поддршка и други компоненти поврзани со логистика, се наведува во соопштението на Пентагон..

Во главниот град на Тајван, Тајпеј е присутна американската делегација, предводена од републиканецот во Претставничкиот дом, Мајк Галагер, кој е претседател на Комитетот за Кина во Конгресот на САД, со претходната претседателка на Тајван. Цаи Инг-вен и нејзиниот наследник Вилијам Лаи.

Американската поддршка за Тајван е двопартиска. Ние ќе ве поддржиме без оглед кој е во Белата куќа, наведе Галагер.

Споделете