Временска прогноза за ден 22.02.2024

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 16 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи релативно топло време со умерен, а во петок и за време на викендот, наместа засилен ветер од јужен правец.
-Повремени врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.